Експлозија на фестивал во Тајланд, загинаа најмалку три лица, десетици повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Три лица загинаа, а најмалку 39 се повредени откако бомба беше фрлена во толпата на саемот на Црвениот крст во северна тајландска провинција доцна во петокот навечер.

Бомбата, всушност импровизирана експлозивна направа, експлодирала во близина на концертната сцена каде што гледачите уживале во настапот околу 23:30 часот по локално време.

Тајландските власти го истражуваат случајот, а тајландските локални медиуми објавија дека вицепремиерот Фумтам Вечајачаи потврдил дека тероризаме исклучен, што укажува на тоа дека инцидентот можеби произлегол од судир меѓу младински групи.