Серија експлозии се случиле ноќеска еден час по полноќ во фабриката „Слобода“ во Чачак, Србија.
Според српските медиуми, експлозијата се случила во делот каде се произведува муниција.
Експлодирала фабрика “Слобода” у Чачку… #cacak #gradcacak #fabrikasloboda pic.twitter.com/SIgKm6Gqch
— Војвоткиња од Љубића (@smokicarka) June 4, 2021
Според очевидци и локалното население кое живее недалеку од фабриката, пожарот започнал да се шири со молскавична брзина, а пожарникарските екипи не можеле веднаш да стигнат до местото на несреќата.
Градоначалникот на Чачак, Милан Тодоровиќ, за РТС изјави дека нема жртви и повредени.
Тој вели дека околу 60 работници работеле во третата смена и дека сите биле евакуирани веднаш, а околу 2,30 часот наутро биле евакуирани четворица работници кои биле сокриени од експлозиите во подрумот.
