Во воената фабрика „Слобода“ во Чачак во утринските часови се случила несреќа. Според првите информации од терен, се случила експлозија во одделението за пиротехника.
– Во оваа експлозија се повредени четири лица , а на останатите работници им било дозволено да си одат дома. Екипи на полиција и брза помош се на терен – пренесува „Рина“ од извор запознаен со ситуацијата.
Експлозии во воената фабрика „Слобода“ во Чачак се случија во 2021 година во неколку наврати.
– Се слушна силна детонација, која не разбуди. Вратата од куќата се затресе од силата. Само вака да заврши – додава исплашена жителка.
Неофицијално едно машко лице се здобило со тешки повреди на раката.
