Спасувачките екипи ги ослободија рударите кои останаа затрупани под урнатините од експлозијата во рудник во источна Турција.
Еден од рударите (45) е полесно повреден, а другиот е неповреден.
Екипата на итната помош го префрлила рударот со скршена нога во болница, објави порталот Ишчи Хаберлер.
Експлозијата се случи во рудник за јаглен во областа Алаџакаја во Елазиг во источниот дел на Анадолија.
Според првите информации дошло до уривање на рудникот на компанијата „Ети Кром АШ“, подружница на „Џилдирим холдинг“, во областа Алаџакаја.
По експлозијата, двајца рудари биле затрупани во окното, кои биле ослободени со брза интервенција на спасувачките екипи кои веднаш пристигнале на лице место.
Експлозијата предизвикала голем страв и паника кај граѓаните кои живеат во околината, објави порталот.
