Експлозија во железарница во Канада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силна експлозија се случила во железарницата во Хамилтон, Канада, утрово според локалното време, во која нема повредени, јавуваат канадските медиуми.

Целиот источен дел на градот е покриен со густ чад.

Полицијата наведува дека експлозијата се случила во делот каде што се наоѓа печката, но дека во зградата во тој момент немало никој.

Фабриката „Арчелор Митал Дофаско“ е голема и експлозијата се случила на најмалку еден километар од станбена зграда, така што никој не бил евакуиран или повреден.

Причината за експлозијата е непозната.