Бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго се зголемил на 10.060, а речиси половина од заразените починале, покажуваат податоците на владата.
Епидемијата, прогласена во мај, е предизвикана од вирусот Бундибуџо, за кој засега нема одобрена вакцина ниту лек, пренесе Ројтерс.
Според здравствените власти, ова е најбрзорастечката епидемија на ебола досега, како и најсмртоносната во историјата на Конго.
