Експлозија се случи во магацин за муниција во близина на грчкиот град Волос во централниот дел на земјата, кој беше зафатен од пожари. Моментот на експлозијата е снимен за време на директен пренос од новинар на Телевизија Астра.
Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека магацинот се наоѓа во крајбрежниот град Неа Агиалос, во областа Магнезија во регионот Тесалија, пренесува Sky news.
🔴 #BREAKING
— Sky.Earth News (@Sky_Earth_News) July 27, 2023
Evacuations in #Greece’s #Volos after #explosion in an ammunition warehouse#Ukraine #Russia #Moscow #Kyiv #EU #USA #Germany #FRANCE #England#Italy #EuropeanUnion#China #Japan. pic.twitter.com/c9yiregTRH
„Дел од складиштето за муниција на касарната на воздухопловните сили во Неа Агиалос е во пламен и се слушаат експлозии“, потврди портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос.
Тој додаде дека во тој реон седум авиони и три хеликоптери го гаснат пожарот што гори од вчера.
Магацинот се наоѓа на околу шест и пол километри северно од главната воздушна база.
Очевидци пријавиле серија големи експлозии, кои ги искршиле прозорците во областа.
Воздухопловните сили соопштија дека складиштето е однапред евакуирано и дека нема пријавени повредени, а на неколку села во поширокото подрачје им било наредено превентивно да се евакуираат, пренесува агенцијата АП.
Во Волос се стационирани и српските пожарникари кои пристигнаа во Грција за да помогнат во гаснењето на пожарот кој веќе две недели беснее во таа земја и во кој животот го загубија пет лица.
Од 13 јули досега во земјата избувнаа околу 600 шумски пожари, од кои повеќето беа брзо изгаснати. Десетици илјади жители и туристи мораа да бидат евакуирани во последните денови.
