Поранешниот министер и амбасадор во Брисел и Луксембург, Лазар Еленовски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека секоја држава треба да напредува, а не како Македонија што стои во место три децении.
Тој направи споредба со мобилните телефони, велејќи дека треба да се апдејтираат секоја година.
„Грубо кажано, тоа ви е како мобилните телефони што се апдејтираат секоја година, и што излегуваат нови модели, а Македонија стои во место 30 години“, рече Еленовски.
