Поранешниот амбасадор во Брисел и Луксембург, Лазар Еленовски вечерва е гостин во „Клик Плус“ на ТВ21.
Еленовски се присети како настанала коалицијата ДУИ-ВМРО-ДПМНЕ
„После 14 години доаѓа време да се откријат детали. Со таканаречениот мајски договор 2007, тоа беше првата влада на Груевски и мислам дека најдобрата влада на Груевски.
Колацијата владина беше ВМРО-ДПМНЕ, НСДП и ДПА. Иако најголем број Албанци гласаа за ДУИ, тие не се најдоа во Владата, поради идеолошки причини, и го бојкотираа парламентот.
Ја водев и точката за НАТО во Владата, и исполнувањето на критеуримите, и имаше забелешка од НАТО дека нема политички дијалог.
Во една февруарска ноќ, побарав прием кај премиерот, и му предложив дека треба да почнеме преговори со ДУИ, затоа што ни е голем проблем за НАТО интеграцијата, и да го расчистиме проблемот со политички дијалог, и враќање на ДУИ во институциите на системот.
Груевски ми рече оди на твој ризик. Јас најпрво стапив во контакт со Теута Арифи, и ја организираше првата средба со Али Ахмети. Отидов таму без обезбедување, бидејќи сметав дека тоа треба да биде пристапот. И тука започна целата приказна која после три месеци по голем број на средби, се случи првата средба на Груевски и Ахмети во клубот на пратеници и така се договоривме да се вратат“, рече Еленовски.
