Елези: Атмосферата во репрезентацијата е здрава и позитивна, многу сме мотивирани пред дуелот со Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Македонскиот фудбалски репрезентативец Агон Елези, зборуваше за атмосферата во националниот тим за време на подготовките пред квалификацискиот  натпревар за ЕП 2024 со Украина

– Енергијата на тренинзите е на високо ниво, иако е крај на сезоната. Сепак, тоа е доказ колку сме мотивирани, колку е здрава и позитивна атмосферата во тимот. Мора да бидеме позитивни и да веруваме. Не очекува исклучително силен натпревар со репрезентација која има нов селектор и веројатно дополнителен импулс за позитивен резултат. Морам да кажам дека тренираме одлично, се чувствуваме добро. Сето тоа треба да се пренесе на натпреварот. Свесни сме што не очекува, Украина е квалитетен тим и нема да биде лесно, но ние сме подготвени. Се е можно и ќе дадеме се од себе. Се надеваме на позитивен резултат, изјави Елези.

Натпреварот ќе се игра на 16 јуни (петок) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.