Елиф Елмас потпиша за Торино, ќе го носи дресот со број 11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сезонава ќе ја доигра во дресот на Торино. Играчот од средниот ред се враќа во италијанската Серија А после една година мината во Германија во дресот на Лајпциг.

Во Торино, Елмас заминува како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа Торино ќе има можност да го откупи за 17 милиони евра ако сака.

Елмас во минатото настапуваше во Наполи, во Фенербахче и во Работнички.

Во Торино ќе го носи дресот со број 11.