31 пожар на отворено, два сè уште активни, пет се под контрола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

До 07:30 часот утрово, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 31 пожар на отворено, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив, два пожара се активни, пет се под контрола, а 24 се изгаснати.

Активни се пожарите во село Грачани во Општина Ѓорче Петров, каде што огнот се проширил и на територијата на Косово, како и во реонот Кајорец кај селото Белица во Општина Македонски Брод.

Пет пожари се под контрола во Струга, Сарај, Чучер-Сандево, Кратово и Делчево.

Останатите регистрирани пожари се изгаснати.