Полицијата им го прекинала „откачениот излет“ во Галичник: Петмина приведени, при претрес во шаторите им пронајде марихуана, кокаин, печурки и таблети

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 04.09.2026 во периодот од 19:20 до 20:45 часот, во село Галичник на местото викано „Стопанче“, полицајци од ОВР Гостивар и ПО Маврово, при оперативна акција лишиле од слобода пет лица, А.Ј. (32), М.М. (38), К.С. (45) и В.В. (44) од Скопје, како и Р.Т. (38) од Куманово.

„При претрес во шаторите каде престојувале лицата, пронајдени и одземени се повеќе пакувања со марихуана, бела прашкаста и грутчеста материја, халуциногени печурки и таблети. Лицата се задржани во ПС Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопштија од МВР.