Елиф Елмас за 25 милиони евра од Наполи се сели во Лајпциг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Елиф Елмас во следните денови ќе биде промовиран за нов фудбалер на германскиот тим Лајпциг. Македонскиот репрезентативец се сели во Бундеслигата во трансфер вреден 25 милиони евра.

Трансферот го најави познатиот информатор за трансфери Фабрицио Романо уште пред неколку дена, а го потврди првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис.

„Да, го продадовме. Елмас не сфати дека е во првиот тим и кога не игра цел натпревар“, изјави претседателот на „наполитанците“.

Елмас мина четири години во Наполи, откако во 2019 година дојде во овој тим од Фенербахче. Претхоно беше дел од Работнички.