„Елката не е мала, туку Александар е голем“ – Граѓани: Декорацијата е смешна, поубаво е дури и во Крива Паланка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се ближат новогодишните празници, а атмосферата на скопскиот плоштад е бледа. На граѓаните не им се допаѓа како е украсен градот, дури велат дека изгледа смешно. Еден минувач рече дека во Крива Паланка елката е поубава од таа во центарот на Скопје.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска пред неколку дена на Фејсбук напиша дека оваа година Скопје ќе се украси со сума од 30 илјади евра, а не како во минатото кога се трошеа суми до 245 илјади евра.

„За загрижените да информираме дека Градот Скопје и оваа година ќе биде украсен, но за драстично пониска сума од она што досега секоја година се трошело на украсување на градот преку сомнителни набавки. Некој треба да одговори како трошел по фирмички за китење годишно помеѓу 90.000 и 245.000 евра за украсување, пари на граѓаните кои завршувале во приватни џебови, а сега градот се кити за 30.000 евра“, вели Данела Арсовска.

За украсувањето во главниот град имаше многу реакции на социјалните мрежи, една од нив гласеше „Елката не е мала, туку Александар е голем“.