Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, синоќа објави дека започнало механизираното чистење на депонијата во Радуша, за која се верува дека претставува закана за животната средина и изворот на вода за пиење, Рашче.
„Во продолжение на акциите за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Сарај, во соработка со Градот Скопјe, презедовме акција за чистење на депонијата во населбата Радуша. Ова е уште еден чекор во нашите напори за создавање почисти и побезбедни простори за граѓаните. Соработката и заедничката посветеност даваат конкретни резултати. За почист и подобар Сарај за сите!“, напиша Елмази.
