ЕМА ја одобри вакцината против Ковид-19 на „Џонсон Џонсон“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ е веќе одобрена во САД, а денеска и во Европската Унија.

Ова е вакцина за која медиумите се почесто пишуваат во позитивна смисла, а ја одобруваат се повеќе земји. Едноставна е за чување и исто така штити од бразилскиот и јужноафриканскиот сој на вирусот.

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ има една голема предност – се дава само една доза и не е потребна ревакцинација.

Европската агенција за лекови ЕМА ја одобри денеска за употреба во Европската унија вакцината  против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон.

Така, оваа вакцина стана четвртата вакцина одобрена во ЕУ, по Фајзер / Бионтек, Модерна и АстраЗенека.