Енис Барди конечно доби негативен тест на Ковид 19. Откако во четвртокот се тестираше и по втор пат беше позитивен, денешниот се покажал негативен на Ковид 19.
Според правилата, Барди ќе може да се приклучи на репрезентацијата на подготовките за настапот на ЕП. Барди беше во карантин од пред десетина дена кога по позитивниот тест на двајца играчи на Леванте и тој при тестирањето беше позитивен.
При доаѓањето во Скопје беше изолиран и немаше контакт со останатите репрезентативци.
Ова секако се прекрасни вести, а поради тоа селекторот на Македонија, Игор Ангеловски објави заедничка фотографија на која напиша: Добредојде дома!
Македонија уште три дена ќе тренира во Скопје, а потоа патува во Букурешт, каде на 13-ти јуни го игра првиот меч на дебитанскиот настап на европско првенство и тоа против селекцијата на Австрија.