Епидемиологот Тони Коњановски кој работи во Центрот за јавно здравје во Битола е позитивен на коронавирус. Самиот тој на социјалната мрежа фејсбук рече дека имал позитивен тест.
„Сега кога сум на “оваа страна од барикадите” жалам што како и многумина мои колеги, понесени од одговорноста да помогнеме и да ги заштитиме другите, не успеавме самите “да се довардиме”, но тоа е ризикот на оваа професија, за која воопшто не жалам“, пишува Коњановски.
Тој посочува и шест работи кои се приоритетни во овие моменти:
1. Преминување на on line наставата во основните, средни училишта и факултетите.(разгледување на можност за продолжен зимски распуст).
2. Затворање и прекин на работата на сите кафетерии, кафичи, кафеани, ресторани и сл. (Освен оние кои можат да организираат шалтерска услуга или достава на храна), во траење од најмалку три недели.
3. Времен прекин на работа на кладилници, спортски обложувалници и казина.
4. Организиран и регулиран влез во маркети и продавници (определен брокј на посетители согласно просторниот капацитет на објектот. Позитивно искуство од времето на карантинот).
5. Итен прекин на маркетинг камањите од типот “Black Friday”, кои ако продолжат со ова темпо за десетина денови ќе испорачаат навистина “Црн резултат”.
6. Како последна мерка во низот доколку предходните немаат ефект “Викенд карантини” ( Петок 17.00- понеделник 05.00)во текот на месец Декември.
