Ер Франс ја продолжува суспензијата на летовите до Израел до 19 април

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денес објави дека ја продолжува суспензијата на летовите до и од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив до 19 април.

Во соопштение, објавено од „Тајмс оф Израел“, „Ер Франс“ наведува дека суспензијата на летовите се продолжува поради безбедносната ситуација и затворањето на воздушниот простор на Израел поради војната со Иран.

Се додава дека „Ер Франс“ „го следи развојот на ситуацијата во регионот во реално време“.