Ерменија и Азербејџан спроведоа нова рунда размена на затвореници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ерменија и Азербејџан денеска спроведоа нова рунда размена на затвореници, во која двајца Азербејџанци беа вратени во Баку, додека четворица Ерменци во Ереван, изјави командантот на рускиот мировен контингент генерал-полковник Рустам Мурадов.

-Со намера да се спроведе трилатералната изјава на лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија од 9 ноември 2020 година, денеска дојде до нова размена на затвореници, изјави Мурадов.

Тој додаде дека руските мировници, под негова директна контрола, испорачале двајца заробени Азербејџанци во Баку и дека со авион на руското воено воздухопловство вратиле четворица еременски затвореници во Јеребуна.

-Руските мировници ќе продолжат да придонесуваат за стриктно исполнување на трилатералниот договор, нагласи Мурадов.

Ерменскиот вицепремиер Тигран Авинијан денеска објави дека четворица ерменски затвореници се вратиле дома со посредништво на Русија и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.