Ерменската армија бара оставка од премиерот Пашинјан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ерменската војска денеска побара оставка од премиерот Никола Пашинјан, пренесува агенцијата РИА Новости.

Еден ден претходно, ерменскиот претседател Армен Саркисјан, на предлог на Пашинјан, го смени првиот заменик началник на Генералштабот, Тирана Хачатријан, кој според медиумите, го исмејувал шефот на владата за ракетните системи „Искандер“.

Генералштабот на вооружените сили на Ерменија проценува дека смената на првиот заменик началник на Генералштабот не се заснова на националните и државните интереси на Ерменија, туку на личните ставови.

Пашинјан го нарече барањето на армијата обид за пуч и ги повика своите приврзаници да дојдат на Плоштадот на Републиката во Ереван.