Вуканска ерупција во Јава, придонесе да биде затворен еден локален аеродром, а неколку летови да бидат откажани во Индонезија.
Вулканот „Раунг“ почнал да еруптира вчера, исфрлајќи пепел во висина од 2 километри, објави државниот центар за вулканологија.
Нема извештај за жртви или повредени лица.
Авиокомпанијата „Лајон ер“ објави дека откажала шест летови од Банјуванги.
