Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна, еруптираше денеска во утринските часови, по четврти пат во последните четири дена.
Силна ерупција беше проследена со лава од неговиот југоисточен кратер, велат од Националниот институт за геофизика и вулканологија.
Темните облаци од остатоци се издигнаа на неколку милји над врвот. Претходната ерупција беше забележана пред само два дена.
Инаку, Етна е висока 3.350 метри и е многу популарна туристичка дестинација во Италија.
