Учениците Албанци од ОУ „Тодор Јанев“ ќе продолжат да учат во истата зграда до крајот на оваа учебна година, а од следната година ќе бидат преместени во нова објект, вети премиерот Талат Џафери, по посетата на неколку населени места во овој дел на Велес.
Иако новото училиште сè уште не почнало да се гради, поделбата на учениците во две згради е решението кое го предлагаат родителите, по протестите на родителите Македонци кои не дозволија одржување на настава на албански јазик во Чашка. Џафери рече дека во тек се процедурите за формирање нов субјект за новото училиште во кое ќе се учи на албански јазик.
Но, зошто проблемот не беше решен во истиот објект? Џафери вели дека со закон е одлучено во ова училиште да се учи само македонски јазик.
„Според документите за основање на субјектот во оваа училиште се учи на македонски јазик, тоа го вели статутот и се друго, оваа работа не е направена со компромис, во кабинет се направени консултации и со родителите на децата овде и за формирањето на нов субјект кој со тоа основање едукативниот образовен процес ќе се спроведе на мајчин јазик, овие се аспектите од правното оспорување на процедурите“, вели Талат Џафери.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири вели дека во новиот објект постои веројатност да се преместат и 80 ученици Албанци кои моментално учат на македонски јазик. Според него објектот ќе биде во село Бањица.
„Тие деца кои се таму и другите деца кои ќе се запишат и секој друг кој ќе има потреба согласно законот за основно образование или можностите за трансфер врз основа на финансиските можности од МОН, не гледам никаква законска пречка и да се обезбеди кадар и за другите деца“, вели Јетон Шаќири.
Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, смета дека не е решение поделбата на учениците врз основа на етничката припадност, иако во времето кога имаше протести тој не интервенираше кај сограѓаните Македонци за да им го каже ова. „Се одржаа протести каде се вмеша и политиката, имајќи го предвид и предизборниот процес“ кратко одговори Стојановски.
