ЕУ: Ако Вучиќ замине во Москва, ќе има последици за членството на Србија во Унијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос изјави дека евентуалното учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на парадата во Москва на 9. мај, ќе има последици врз членството на земјата во ЕУ. Ова денеска го изјави портпаролот на Европската комисија на прес-конференција.

Кос ја истакна потребата Србија да постигне напредок во реформите на патот кон ЕУ, и важноста на широк политички дијалог по пова прашање. Таа увери дека ќе продолжи да ја поддржува Србија во нивното членство на ЕУ. Според неа, учеството на Вучиќ во парадата во Москва ќе има големо влијание.

„Сметаме дека Србија ќе ги следи европсктие вредности и ќе биде добар партнер откако ќе аплицира за пристап. Односите со Србија не може да бидат како порано“, изјави портпаролот на Европската комисија.