Делегацијата на Европската унија, ги одложи сите настани во Србија и кампањата за Ден на Европа. Амбасадорот на ЕУ во земјата, Емануел Жиофре кажа дека сега не е време за славење на никакви празници ниту успешни денови, туку за тагување поради двата масакри во Белград и во Младеновац кои се случија за само два дена, при што загинаа 17 лица.
„Секој 9. мај, Европа го слави Денот на Европа, славејќи ја Шумановата декларација донесена на овој датум 1950 година. Оваа декларација се смета за момент кој придонесе формирање на Европската унија, кога е направена визија за мир и солидарност во Европа. Но, во овие тешки моменти, нашите срци и мисли се насочени кон жртвите кои ги загубија животите во трагичните случувања и нивните семејства и пријатели. Ќе има други прилики да ја славиме заедничката иднина и можностите кои ги имаме“, рече Жиофре.
Исто така се одложува и приемот во Ниш на челниците на ЕУ по повод денот на Европа. Во Белград на 12. мај била планирана и „голема ЕУ забава“, но истата ќе биде одложена. Исто така ЕУ одлучи да го одложи почетокот на кампањата „ЕУ е покрај тебе“ која опфаќа ТВ спотови, социјални мрежи и билборди.
