Училиштата во Њујорк забрануваат употреба на вештачка интелигенција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Училиштата во Њујорк воведуваат забрана за користење вештачка интелигенција во текот на учебната 2026/2027 година, потврди училишниот округ за ABC News.

Одлуката ќе опфати повеќе од половина милион ученици, од предучилишна возраст до осмо одделение. Забраната треба да започне да се применува од почетокот на следната недела.

Паралелно со одлуката на училишниот округ, градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, најави и мораториум на генеративната вештачка интелигенција.

Според Мамдани, градот во текот на наредната година ќе го анализира влијанието на оваа технологија, пред да донесе понатамошни одлуки за нејзината употреба.

Забраната доаѓа во време кога употребата на алатки базирани на вештачка интелигенција во образованието сè повеќе се шири, но истовремено предизвикува дебати за влијанието врз учењето, академскиот интегритет и развојот на вештините кај учениците.