Комисијата за присуство на четвртиот самит на Отворен Балкан, комесарот за проширување, Оливер Вархеји ја прими како покана за ЕУ да биде делод иницијативата. Иницијативата не само што е добра туку е и можност за менување на реалноста на терен и за соочување со предизвиците во регионот, рече Вархеји, додавајќи дека оваа иницијатива, доколку се направи како што треба, ќе ја забрза економската интеграција на регионот и треба да ја забрза вистинската интеграција на Балканот во ЕУ.
„Го велам ова бидејќи кога зборуваме за пристапување кон ЕУ, венчавки и други симболи, а најмногу зборуваме за овие процеси, преговарачки рамки, нон пејпери, но за да бидам искрен со вас, можеби не треба да го речам ова како комесар, но тоа не е интересно. Воопшто не е интересно ниту за граѓаните на Европа ниту за граѓаните од Западен Балкан, бидејќи сметам дека нивното главно прашање е кога ќе почнеме да живееме како што се живее во Европа? Кога ќе имаме исти шанси и можности, економски, социјални, како луѓето во ЕУ и кога ќе видиме како се тргаат сите бариери меѓу ЕУ и Западен Балкан?? Ова е вистинска интеграција и вистинската интеграција почнува со економијата и општеството“, рече Вархеји.
Од Сараево, помошникот на американскиот секретар, Габриел Ескобар, рече дека САД Отворен Балкан не го гледа од аспект на проблемите на ’90-те туку од призма на можностите на 21 век. САД ја поддржуваат иницијативата, но истакна дека истата не треба да претставува само регионална соработка туку за интеграција во европските структури. Побара секоја ваква економската иницијатива да ги опфати сите 6 држави од Западен Балкан.
„Навистина ја охрабрувам оваа иницијатива да остане економска. Не е политички проект туку е важен економски проект, да се фокусира на креирање можности за граѓаните од регионот и имате голема поддршка“, рече Ескобар.
Заменик помошникот државен секретар на САД рече дека Балканот има голем потенцијал на обновлива енергија, која би помогнала во борбата против климатските промени. Исто така спомна дека Балканот може да стане регионален центра на течен гас кој би ја направил Европа независна од руската енергија.
