ЕУ ќе и помогне на Македонија со 70 милиони евра за справување со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вицепремиерот Бујар Османи вечерва во „Eu Click“ на ТВ21 најави дека Европската унија ќе и помогне на нашата држава во справувањето со коронавирусот и штетите кои подоцна ќе треба да бидат санирани.

Османи вели дека тие средства ќе ги добиеме во неколку фази.

„Јас секојдневно сум во контакт со Европската унија и веќе обезбедивме фонд од 70 милиони евра, средстава кои ќе бидат пуштани во разни фази кои ќе бидат наменети за потребите на здравствениот систем, но и за економските штети кои ќе бидат предизвикани поради замрзнување на трговската размена во земјава. Навистина, иако во регионот се прави пропаганда дека наводно другите земји помагаат повеќе отколку ЕУ и дека ЕУ не покажува солидарност кон потребите на земјите од Западен Балкан, јас го демантирам тоа, бидејќи ние уште од првиот ден ги активиравме сите механизми за помош од ЕУ, а пример за тоа се 70 милиони евра кои се повеќе од доволни. Така што, сега целиот фокус ќе биде ставен врз здравјето на луѓето и менаџирањето со ситуацијата“, рече Бујар Османи вечерва на ТВ21.

Османи додава дека нашата држава има итна потреба од финансиска поддршка и помош од ЕУ.