„ЕУ, најголем сојузник во време на криза“ – Амбасадорот Жбогар ги објави плановите во ЕУ Клик на ТВ21

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во ова време на криза ЕУ се покажа како најголем сојузник и партнер на Северна Македонија, вели амбасадорот на ЕУ во земјава, Самуел Жбогар. Тој говорејќи во емисијата ЕУ Клик на ТВ21 кажа дека земјава е помогната од ЕУ за справување и спречување на вирусот, како и од економски аспект.

„Веќе дојдовме до добра парична сума, над 220 милиони евра за толку кратко време колку што се подготвуваме да дојдеме во Северна Македонија. Од нив, 50 милиони и нешто се насочени за зајакнување на економијата а 160 милиони заем за фискалните проблеми во буџетот. Ова е почетна помош која сега ја понудивме, заемот од 160 милиони е во процес, Комисијата веќе го предложи и треба да го усвои Советот и Парламентот, но убедени сме дека ќе порасне за брзо време“, истакна Самуел Жбогар.

Жбогар исто така рече дека ЕУ ги помага научните истражувања за наоѓање вакцина. Затоа Европската комисија на 4 мај ќе преземе иницијатива за одговор на коронавирусот која ќе им биде наменета на светските лидери, бизнисмени, научници и граѓаните воопшто.

„Нашата цел е да се соберат 7,5 билиони евра за истражувања за изнаоѓање вакцина колку што е можно побрзо. За да се најде вакцина која ќе му биде на располагање секому и која ќе биде доволно евтина за секој да може да ја купи. Ова е целта на оваа иницијатива наречена “Marathon Pledge”“, посочи Жбогар.

Соочувањето со Ковид-19 за амбасадорот Жбогар е показател дека ЕУ како и земјите кои не се членки, од Балканот, веќе се на истиот брод. Тој истакна дека Унијата немаше да може да се соочи со вирусот сама а да го остави настрана Балканот. “Ние го гледаме Западен Балкан како дел од ЕУ“, додаде тој.

Жбогар исто така зборуваше и за последиците со кои ќе се соочат земјите членки. Рече дека БДП на сите земји членки ќе се намали, а рече дека некои држави ќе имаат повеќе економски последици, некои финансиски а други пак ќе бидат најпогодени во туризмот.