ЕУ планира 30 милиони електрични автомобили до 2030 година

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Европската унија планира да има најмалку 30 милиони возила со нулта емисии на штетни гасови на патиштата до 2030 година, наведено е во предлог-документ.

Во стратегијата што треба да биде објавена оваа недела, Европската комисија ќе утврди мерки за намалување на емисиите на штетни гасови од транспортниот сектор, што претставува една четвртина од вкупните емисии во Европа.

– Целта Европа да биде климатски неутрална до 2050 година не може да се постигне без воведување многу амбициозни мерки за намалување на зависноста од транспорт од фосилни горива, се вели во документот.

За тоа ќе бидат потребни „најмалку“ 30 милиони возила со нулта емисии на штетни гасови до 2030 година, се додава во него.

Тоа е огромно зголемување од 1,8 милиони електрични и плаг-ин хибридни возила регистрирани во Европа кон крајот на минатата година, според Меѓународниот совет за чист транспорт. Хибридните возила не се возила со нулта емисии.

Сепак, индустријата предупредува на недостаток на инфраструктура за таа цел.