Вицепремиерот Бујар Османи разговарајќи на тема коронавирус, помошта, последиците како и моменталните рестрикции воведени рече дека прва за помош се јавила Европската унија, иако некои држави од соседството го негирале тоа.
„Досега прва се пријави ЕУ и тоа се очекуваше и покрај сите дилеми и обвинувања, ако се сеќавате, Претседателот на Србија излезе со обвинувања дека солидарноста на ЕУ е лажна и постои само во хартија“, рече Бујар Османи во Клик Плус на ТВ21.
Османи додава дека рекацијата на Европската унија била брза.
„ЕУ реално брзо реагираше. За нас веднаш активираше 4 милиони евра за медицинска опрема од фондовите кои ги имавме предвидено за други нешта. Потоа 50 милиони евра кои ги добивме како награда за реализирањето на реформите, ако се сеќавате на првата посета на комесарот за проширување, ги најави кога дојде во Скопје, и ние тие средства ги превидовме за други работи“, додава Османи.
