ЕУ воведува тарифи за руската нафта која се увезува на европскиот пазар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската комисија ќе предложи тарифи за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави во четврток портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

„Комисијата наскоро ќе излезе со деталите за тој предлог“, рече Олоф Гил на конференцијата.

Претседателката на Комисијата во среда, по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта.

Не станува збор за санкции, за кои е потребна едногласност, туку за трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано мнозинство, што оневозможува која било од членовите да стави вето на одлуката.

Европската комисија ќе предложи тарифи за руската нафта што сè уште се увезува на европскиот пазар, изјави во четврток портпаролот на Комисијата, Олоф Гил.

„Комисијата наскоро ќе излезе со деталите за тој предлог“, рече Гил на конференцијата.

Претседателката на Комисијата во среда, по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, објави дека ќе предложи царини за увоз на руска нафта.

Не станува збор за санкции, за кои е потребна едногласност, туку за трговска мерка за која земјите-членки одлучуваат со квалификувано мнозинство, што оневозможува која било од членовите да стави вето на одлуката.

Унгарија и Словачка се единствените земји што сè уште увезуваат нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“.

Тие, како и Чешка, добија ослободување од забраната за увоз на нафта и нафтени деривати како земји без излез на море што не можат да увезуваат нафта од други извори.