Жените реткост на локалните избори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од 312 кандидати за градоначалници и 575 носители на листи за советници на општините и Град Скопје, жените-кандидатки можат да се избројат на прсти. Иако во 2025 година за локалните избори во октомври застапеноста на жените на локално ниво останува многу ретка речиси во сите партии. Како од редовите на НАИ, која нема ниту една жена кандидатка за градоначалничка, така и од ВЛЕН, каде кандидатот за општина Чаир, Изет Меџити рече дека во општините има потреба од хаус мајстор.

„Не е само во ВЛЕН, односно е и кај македонските партии, и кај опозициските партии. Како што изгледа повеќе прашањето за градоначалник се гледа како менаџер, да не речам како еден ‘хаус мајстор’ на општината, што има повеќе врска со инфраструктурни работи. Можеби има причина, но тоа е од 90-тите години до сега многу малку присуство на кандидатки за градоначалнички, додека во советите вклученоста е секоја трета. Мислам дека бројот е уште поголем, кај нас жените се присутни околу 40%.“, вели Изет Меџити.

Според законот, во листите за општински советници и во листите за пратеници секој трет кандидат треба да биде од женски пол, додека во извршната власт и во кандидатурите за градоначалници нема законска регулација. Од Коалицијата НАИ велат дека еднаш ја имале Теута Арифи како градоначалничка на Тетово, но и носителка на листата на советници Арта Мемети во Општинскиот совет на Куманово. Адеми рече дека тоа не е доволно.

„Сега на овие избори е така, но знаете дека ДУИ била предводник на еднаквите можности имајќи и жена градоначалничка и носителка на листи за советници, но на овие избори ова е состојбата, за жал! Иако и сега има позитивни примери како листата на советници во градот Куманово од Алијансата за интеграција.“, порача Арбр Адеми.

Токму ова прашање го кренаа и активистките за родова еднаквост. Лиридона Беќири вели дека политичките партии ја присвојуваат темата за родова еднаквост за да ја претворат во политички капитал. Според неа, ниту една од политичките партии не го исполнува условот за родова еднаквост во застапеноста на локалната власт.

Активистката Беќири рече дека во плурализмот примената на квотите со изборниот систем е најдоброто решение за да се постигне застапеноста на жените, имајќи предвид дека квотите го нарушуваат принципот на меритократија и создаваат модели во изборот на жени со помалку заслуга, затоа и примената на системот на квоти со право се нарекува неслободен поглед на демократијата, што создава погрешен имиџ на жените.

„Во една листа каде што се натпреваруваат само мажи, не станува збор за избори туку за одобрување на монопол. Не е првпат кај нас да не гледаме имиња на жени не само како кандидатки за градоначалнички, туку ниту како носителки на листи во општинските совети. Ги гледаме само во тој ‘сендвич систем’ дека секоја трета жена, што стана индустрија на клише и недемократско производство во партиските структури и ова треба да го крене алармот за освестување на жените за нивното достојно позиционирање во партиските органи, бидејќи ликот на жената е многу маргинализиран и тоа е системска дискриминација што им се прави на жените во јавниот живот.“, вели Лиридона Беќири.

Разликата ја прават независните кандидатури на жени и за градоначалници и за носителки на листи. Додека и кандидатурите на политичките партии за носители на листи доминираат од мажи.

Од редовите на ВМРО и СДСМ, но и други партии, жените-кандидати се присутни само во неколку периферни општини, со исклучок на кандидатката на социјалдемократите за Скопје, Каја Шукова.

Кампањата започнува на 29 септември за првиот круг на локалните избори, кои ќе се одржат на 19 октомври.