Во последниот ден од осминафиналињата на ЕУРО 2020, следува европската класика Англија против Германија. Истиот дуел ќе се игра на „Вембли“ во Лондон, и така Англија можеби поради тоа е благ фаворит.
Германскиот селектор Јоаким Лев пред натпревар кажа дека Англија е една од најдобрите светски селекции.
„Англиската репрезентација напредуваше многу во последните три години. Во 2018 година на Светското првенство покажаа дека се еден од најдобрите тимови во светот. Имаат многу играчи во Премиерлигата кои играат големи натпревари и кои се многу силни. Имаат и брзи играчи и многу квалитет“, рече Лев.
Не штедеше комплименти ниту селекторот на Англија, Герет Саутгејт.
„Се пошува многу негативно за Германија, но гледам дека тие се одлично подготвени. Тактички многу добро знаат што прават, секогаш работат заедно, и знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар за нас“, рече Саутгејт.
Овој дуел започнува во 18 часот, а во 21 часот играат Шведска и Украина. Овој дуел се игра во Глазгов на „Хемпден Парк“. Шведска влезе во 1/8 финалето како првопласирана во групата каде што беше со Шпанија, додека Украина како третопласирана во групата „Ц“ во која беше Македонија.
