Поради петдневните обилни дождови кои се пропратени со силен ветер властите наредија евакуација на населението од северозападниот бред на Австралија.
Имено, властите во Нов Јужен Велс наредија евакуација на населението откако обилниот дожд поплави неколку патишта.
Плажите во Квинсленд се под вода, а според метеоролозите дожд ќе врне најмалку уште еден ден,
Се очекува во Австралија во текот на летото да доминира феноменот Ла Ниња односно обилен дожд и повеќе тропски циклони.
