Кина на 31 декември ја извести Светската здравствена организација за присуство на вирус во близината на Вухан, поради кој доаѓа од воспаление на белите дробови.
Два дена подоцна, министерството за здравство на Сингапур ги предупреди сите доктори да го идентифицираат секој пациент со воспаление на белите дробови кои имал допирни точки со Кина, или бил во посета на земјата, или имал контакт со некого кој се вратил од таа земја.
Сингапур со околу 5,5 милиони жители, минатата година имал дури 4 милиони посетители од Кина. Веќе на 3. јануари Сингапур донесе одлука на секој патник кој доаѓа од Кина, да му биде мерена температура на аеродромот.
Само што Кина објави за новиот вирус, Сингапур ги подигна мерките за безбедност, а на 23. јануари објави за прв заболен од коронавирус кој бил во посета на Вухан. Тим од 140 лица веднаш контактирал со сите лица со кои пациентот бил во контакт, а потоа 700 лица кои биле во посета на Кина, биле веднаш ставени во карантин. Карантинот во Сингапур досега содржи 2.500 лица.
Сингапур меѓу првите земји, на 31. јануари забрани влез на кинески туристи во земјата, што беше економски штетна мерка и предизвика многу реакции. Кина е најголем трговски партнер на оваа земја. Но, таа земја има длабоки резерви, најбогата е земја во Азија, и меѓу првите 10 во Светот.
За разлика од Кина, Јужна Кореја и Италија, Сингапур успеа да го спречи ширењето на заразата. Повеќе од 400 илјади лица се пријавиле преку апликација да добиваат секојдневни информации околу коронавирусот, за нови заболени и за превенција.
