Реконструкција на Владата! ВЛЕН ги презема Правда и Култура, а ги отстапува Здравство и Социјална политика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ВЛЕН ќе раководи со две нови министерства – за правда и за култура, но за овие два ресора ги отстапува Министерството за здравство и Министерството за социјална политика. За овие позиции веќе неколку дена се зборуваше, а денеска ги потврди генералниот секретар на ВЛЕН, Беким Сали.

„Во пакетот во кој ВЛЕН продолжува со управување како дел од владејачкото мнозинство остануваат животната средина, Министерството за економија, евроинтеграциите, културата и Министерството за меѓуетнички односи. Тоа се шест министерства. Сè уште немаме конечни имиња за Министерството за култура и за правда. Тоа ќе бидат нови имиња. Сметам дека актуелните министри добро ја извршуваа работата во Владата, задоволни сме како ВЛЕН и тие ќе продолжат понатаму“, изјави Сали.

Во меѓувреме, другиот коалициски партнер во Владата, ЗНАМ, сè уште не потврдил дали ќе ја прифати размената на ресорите.

Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, вчера изјави дека сè уште нема конечен договор и дека сите опции остануваат отворени до одлуката што се очекува да биде донесена во вторник, по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.