Еве што се менува во вашето тело ако целосно престанете да јадете леб

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Белиот леб често е незаменлива храна на менито на многу луѓе, заситен е, вкусен, но колку е здрав? Нутриционистите со години дебатираат дали лебот е добра храна за консумирање или треба да го сведеме на минимум. Исто така, тие се обидоа да откријат што ќе се случи со нашето тело ако целосно престанеме да консумираме леб. Според Women’s Health, има неколку промени кои ќе настанат доколку оваа храна ја исфрлиме од секојдневната исхрана.

Кога ќе ги намалите јаглехидратите, првото нешто што ќе забележите е колку брзо, речиси магично, губите килограми. Сепак, поентата е дека нема да ги изгубите мастите, туку килограмите предизвикани од насобирањето вода во телото, објаснува диететичарката и тренерка Мари Спано.

Исто така, диететичарот објаснува дека јаглехидратите се извор на енергија, а кога човек наеднаш ќе го намали внесот, а токму тоа се случува кога целосно ќе го исфрлиме лебот од исхраната, може да се појават необични појави, како лош здив, сува уста. замор, слабост, вртоглавица, несоница и гадење. Се разбира, овие појави се само привремени, но има и долгорочни.

Тоа е првенствено за намалување на ризикот од срцеви заболувања, дебелина и дијабетес тип 2, но една студија исто така покажа дека ќе бидете помалку склони кон опасни состојби како што се срцев удар или мозочен удар. За разлика од другите видови леб, белиот леб не содржи влакна кои ни се потребни за нормално функционирање на цревата, па штом ќе го исклучите од исхраната, за многу кратко време ќе забележите подобрување во варењето и побрз метаболизам.