Владата потфрли на патот кон Европската унија, вели претседателот на Демократското движење, Изет Меџити. Според него, власта ги прекршила сите европски вредности, но продолжуваат да зборуваат за важноста на интеграцијата на државата.
„Ги прекршија сите европски вредности, а постојано зборуваат за интеграции. Завршува мандатот на оваа мнозинство и ние гледаме дека тие потфрлија и во главното ветување бидејќи посветеноста на власта не е во стратешките интереси на државата и граѓаните, но ова е камуфлажа за корупција, изнуда.“, вели Меџити.
Меџити тврди дека јавна тајна е дека ДУИ соработува со екс премиерот, Никола Груевски, кој е во бегство.
„И во други дебати ја отворив темата зошто Груевски мораше да оди преку Албанија, наместо Македонија-Србија-Унгарија. Другата дилема е зошто Мијалков останува во затворот со кој раководи ДУИ.“, рече Меџити.
Според Меџити, високи личности на ДУИ на денот на НАТО побарале од претседателот Стево Пендаровски враќање на поранешниот премиер, Никола Груевски, кој побегна во Унгарија,.
„За жал, дојдовме во ситуација кога евроинтеграциите се препуштени на рацете на Будимпешта, Унгарија и Груевски.“, кажа Меџити.
Меџити објасни дека има многу факти за ова. Меѓу другото, ги спомна и измените на Кривичниот законик, за кои вели дека се случиле брзо и тајно.
„Има многу аргументи, посебно донесувањето на измените на Кривичниот законик со кој се укинуваат некаде 70-80% од казните на Груевски и на другите, а тоа го усвои ова парламентарно мнозинство. Ова е повеќе од јасно дека е инвестиција во Никола Груевски за неговото враќање. Тие што му помогнаа да побегне, му помагаат и да се врати, но да се врати како херој во Македонија.“, истакна Меџити.
Меџити заклучи дека таканаречениот „Европски фронт“ што владата континуирано го прокламира е повеќе „Сицилиски фронт“ и дека тие нема да му се придружат, туку ќе останат обединета албанска опозиција.