Патниците од Европа наскоро може да го изгубат правото на надоместок за лет кој доцни три часа или повеќе.
Европската комисија неодамна почна да ги разгледува правилата за воздушен транспорт на блокот, затоа што документите се од 2004 година, а авиокомпаниите и патниците бараат постојано да се ажурираат.
Според Европската организација на потрошувачи, преговорите кои моментално се водат, најверојатно ќе им наштетат на патниците наместо да им помогне.
„ЕК предложи да се смени рокот за добивање обесштетување, и нема да биде повеќе 3, туку 5, 9 или 12 часа во зависност од далечината“.
