Европската унија со многу критики, Маричиќ ги гледа милионите на ЕУ и ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генерално, Европската комисија даде одредени забелешки за земјата, особено за политичката поларизација во Собранието, честото користење на европското знаменце при усвојувањето на законите, владеењето на правото, борбата против корупцијата, условите во затворите, заштитата на новинарите, јавната администрација. Во сите овие сфери, европскиот амбасадор, Дејвид Гир вели дека Северна Македонија има мал или никаков напредок.

Што се однесува до политичката поларизација, според извештајот, таа влијаела на одолговлекување на реформите, но има забелешки и за блокирањето на Собранието. Процесот на пристапување во ЕУ бара консензус меѓу партиите токму за најважните прашања на државата, рече Гир. Што се однесува до европското знаменце, Европската комисија забележа прекумерна, а понекогаш и непотребна употреба за забрзани процедури. Нивниот повик е европското знаме да се користи исклучиво кога законите се усогласуваат со законодавството на ЕУ. Според извештајот, најголемата злоупотреба на европското знаме е направена со носење на законите за Коридорите 8 и 10д, како и за Кривичниот законик.

Што се однесува до владеењето на правото, извештајот покажува дека нема напредок. Најголемата забелешка има за контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет како и недовербата меѓу судиите во институциите. Што се однесува до борбата против корупцијата, има забелешки дека нема никаков напредок, особено за случаите со висока корупција што често резултираше со застареност на предметите. Единствената позитивна оценка е за работата на Антикорупциска и Заводот за ревизија.

Според извештајот, условите во затворите се многу лоши, особено во Идризово. Не се почитуваат предлозите од европскиот комитет за спречување на тортура. За сето ова, амбасадорот Дејвид Гир повика да се спроведат реформите бидејќи тие се единствениот пат кон ЕУ.

„Единствениот пат кон ЕУ е патот на реформите. Тоа значи сеопфатни реформи како што е нагласено во овој извештај и во извештајот на скрининг процесот. Зошто? Бидејќи доколку сакате да уживате во придобивките од членството во ЕУ, треба да бидете доста упорни и спремни, да се уверите дека навистина можете да ги уживате. Ние како ЕУ треба да бидеме сигурни дека доаѓате како партнер кој е силен и резистентен. Затоа многу инвестираме во реформи и продолжуваме да го правиме тоа.“, рече Гир.

Извештајот на ЕК го коментираше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој беше горд што Северна Македонија не уназади во ниту еден дел од реформите, но како држава постигнавме 80% напредок во поглавјата. Неговиот фокус повторно беше на средствата, милијардите и придобивките од ЕУ.

Што се однесува до забелешката за честото користење на европското знаме, Маричиќ вели дека тоа се користело само кога било потребно, на предлог на Владата. За тоа кој е виновен за стагнацијата во реформите, прстот го вперува кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Евро амбасадорот Дејвид Гир увери дека ЕУ не го заборавила Западен Балкан, напротив рече дека Западен Балкан има посебна важност за ЕУ. А дека е така покажува посетата на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен, пред една недела во Балканот, вели Гир.