Пратениците на Алијансата за Албанците, дел од Европскиот фронт, Елми Азири и Илире Даути, кои вчера во Собранието доставија предлог закон за игрите на среќа, денеска ја добија поддршката од сите пратеници од редовите на Европскиот фронт. Азири извести дека со овој предлог закон се предвидува затворање на сите коцкарски објекти и нивно функционирање само во хотели со пет ѕвезди. Очекуваат поддршка од сите политички партии во Собранието.
Предлог зконот според Азири освен за објектите, предвидува целосно затворање и на онлајн коцкањето.
-Предложениот закон предвидува затворање на секој облик на казина. Било да е тоа физичко присуство или онлајн игри. Односно, сите форми на оваа категорија на коцкарски бизнис ќе мора да бидат целосно затворени, изјави Елми Азири, Европски фронт.
Но, што се смени во ДУИ, партијата која пред неколку месеци во Собранието побара да се изгласа уште еден предлог закон, со кој ќе се овозможи отворање на други компании за онлајн обложување, а не предвидуваше целосно затворање на објектите, туку само нивно отстранување 500 метри од училиштата. Пратеникот, Блерим Беџети пред четири месеци не сакаше да го коментира предложениот закон, туку само повика да се поддржи новиот предлог-закон поднесен од АА на Села.
-Сега предлогот е многу конкретен и соодветен и мислам дека сите ветивме пред изборите и уште еднаш го повторувам. Со глас и слика, дури и оние кои не го почитувале легитимитетот, тврдеа такво нешто и повелете сите заедно, ги повикувам сите заедно како што ги повика господинот Азири да гласаат за овој закон, вели Блерим Беџети, Европски фронт.
Пратеникот од коалицијата ВРЕДИ, Беким Сали, овој предлог на Европскиот фронт го нарекува ироничен. Велат дека ДУИ била таа што до вчера ја полнела државата со казина, а сега одеднаш како опозиција бара нивно затворање.
„Кога тие што помогнаа да се отворат казината почнуваат да се борат против нив, разбирате дека на албанската политика и недостасува само еден елемент: доследност. Можеби следниот пат ДУИ ќе побара да се затвори себеси, за да стави крај на лицемерието“.
Инаку, во февруари со предложениот закон, кој поранешниот претседател, Стево Пендаровски, одби да го потпише, се предвидуваше отворање нови лотарии и онлајн обложување, но и формирање на четири акционерски друштва, кои ќе ја контролираат и спроведуваат индустријата на игри на среќа. Пендаровски не го потпиша законот од причина што помина со европско знаменце, а вториот пат не ги собра потребните гласови од пратениците во Собранието.
