Про-русија, анти-Косово, се исмејуваше со геноцитдот во Сребреница, нарекувајќи го „некрофилски Дизниленд“. Ова се главните постапки со кои се идентификува и обвинува од сите страни Иван Стоилковиќ, предложен за Министер за односи меѓу заедниците и вицепремиер во Владата на Мицкоски. Но тој на сето ова гледа како комплимет бидејќи себеси се смета како некорумпиран политичар.
Освен тоа што на обвинувањата гледа како комплимент, претседателот на Демократската партија на Србите веќе има план и што ќе направи со Министерството со кое ќе раководи . Најавува реорганизација бидејќи според него, спротивно на секаква логика 95-96% од вработените таму да бидат Албанци.
Претседателот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети за ТВ21 вели дека назначувањето на Стоилковиќ за министер за односи меѓу заедниците е несфатливо и дека работите ќе тргнат наопаку во многу сегменти, па затоа ги повикува лидерите на ВРЕДИ да се откажат од учеството во Владата.
„Именувањето на Стоиљковиќ на чело на ова министерство кое ќе биде надлежно за Охридскиот договор нема смисла и времето ќе докаже дека работите ќе тргнат наопаку во многу сегменти. Затоа, ја користам приликата уште еднаш да ги замолам Африм, Биљал, Изет, Арбен, Беким Ќоку да застанат и да размислат прво, да ја почитуваат волјата на Албанците и другите заедници и да се откажат од учество во Влада со ваков пристап, а кој е штетен од самиот почеток.“, рече Беџети.
Кренар Лога од ЕФ, претставувајќи ги преку оваа фотографија досегашните министри за односи меѓу заедниците, со иронија за ВРЕДИ рече дека “чекајќи го Самоопределување во влада, тие се поставени на Српската листа“.
Изет Меџити од ВРЕДИ на Фејсбук појасни дека идниот министер за односи со заедниците, Стоиљковиќ, нема да се занимава со правата на Албанците бидејќи тие се гарантирани со Уставот и Охридскиот договор, туку ќе се занимава со негување и заштита на правата на етничките заедници кои се помалку од 20%, како Србите, Ромите, Турците, Бошњаците и другите заедници.
Назначувањето на Иван Стоиљковиќ, од ВРЕДИ велат дека не е добра вест. Зекирија Ибрахими од овој блок рече дека не можат да се мешаат во одлуките на Мицкоски исто како што не би сакале Мицкоски да се меша во одлуките на ВРЕДИ за именувањето на министрите.
-Не е добра вест, секако дека ние не го поздравуваме изборот на Стоиљковиќ за министер во оваа влада. Секако дека реториката на Стоиљковиќ не е воопшто пригодна ниту за нас како Албанци ниту за државата, Северна Македонија ниту за добрососедските односи со Косово-изјави Ибрахими.
Претставувајќи го владиниот кабинет, мандатарот Христијан Мицкоски не сакаше да ја коментира изјавата на Ибрахими.
Мицкоски очекува сите членови на владата да ги следат само про-татковинските и про-македонските политики и доколку некој постапува поинаку, ќе го отстрани од должноста.
Стоиљковиќ го обвинуваат за проруски политики, а последната резолуција на ОН за геноцид во Сребреница ја нарече „некрофилски дизниленд“. Ова предизвика реакции од бошњачката заедница во Македонија. Партијата Бошњачки демократски сојуз и здружението Бошњачки национален совет, поднесоа кривична пријава за негирање и исмејување на геноцидот во Сребреница.
