Европски комесар: Воопшто не размислуваме за мерка, следење на граѓаните преку мобилна апликација за спречување на коронвирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот комесар за внатрешен пазар и економија Тиери Бретон изјави дека мерките за принудно следење на телефонија, насочени кон пронаоѓање на лица заразени од коронавирус, не се во прашање.

Неколку земји, меѓу кои и Македонија работат на мобилни апликации кои, благодарение на паметните телефони, ќе овозможат идентификација на заразени лица и алармирање на лица кои биле во контакт со некои од заразените.

„Тоа не е прашање, воопшто не размислуваме. но никогаш нема да дадеме поддршка на мерки кои ги сметаме како задолжителни“, изјави Бретон за РТЛ.

„Ова може да се направи само на доброволна основа. Таквите податоци може да се користат „исклучиво од здравствените власти, не смеат да пристапуваат од судството, полицијата, осигурителните компании“, рече тој.

Во Македонија апликацијата е готова и веќе пуштена во употреба. Властите најавуваат дека не е здолжителна за користење, но се препорачува бидејќи како што велат ќе помогне во спречување на ширењето на коронавирусот.

Откако ќе ја инсталирате апликацијата треба да вклучите Блутот по што сите оние околу вас кои ја имаат апликацијата, имаат вклучено Блутот ќе ги регистрира кај вас. Подоцна доколку некој од нив е позитивен на коронавирус, податоците може доброволно да ги испрати во Министерството за здравство.