Европскиот фронт со импротивизирана седница, Села собраниски спикер, Османи претседател, го сменија Уставот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Започнаа со интонирање на химната на ЕУ.

Претседателот на имровизираното Собрание, Али Ахмети, откако ги избра пратениците Фатима Османовска и Бејџан Иљаз како негови заменици, ги стави на гласање по што се изгласаа точките на дневниот ред за верификација на пратеничките мандати, изборот на претседател на Собранието како и свечената изјава на новиот претседател.

За претседател на ова импровизирано собрание го избраа Зијадин Села. ЗА гласаа 120 пратеници при што сите беа од листата на ЕФ.

-Изјавувам дека функцијата Претседател на собранието на РСМ ќе ја извршувам одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на РСМ-рече Села.

По оваа импровизирана свечена изјава, Села го зазеде местото на Ахмети на столчето на собранискиот спикер од каде ја продолжи седницата со точката за уставните измени за вметнување во преамбулата на Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Евреите и Египќаните, како и точката за избор на претседател во Собранието, за што дебатираа пратениците.

-Во име на припадниците на бошњачкиот народ кои се граѓани на РСМ и во име на Демократскиот сојуз на Бошњаците, целосно ги поддржувам уставните измени со цел спроведување на Договорот за добрососедтсво и отворање на патот за членство во ЕУ на нашата заедничка држава-изјави Колашинац.

-Не треба да дозволиме да не држат на крстопат тие кои немаат ниту идеја ниту визија што треба да постигнат, и кои сакаат власт, но за жал не знаат да изградат држава-рече Хоџа.

-Исто така верувам дека сите ќе поддржиме отстранување на навредливата графа 20% од Уставот бидејќи е составен дел од Уставот кој не навредува, особено нас Албанците-вели Скендер Реџепи Зејд.

-Нештата кои не обединуваат, нашите заеднички точки и со силата и енергијата што ќе ги добиеме, ќе обезбедиме подобро утре за нашите деца и нашата главна задача е да обезбедиме иднина полна со надеж-кажа Бејџан Иљаз.

-Сметаме дека единствениот пат да бидеме општество, поправедна и подостоинствена држава таму каде што започнавме и каде наскоро ќе станеме дел од ЕУ-вели Села.

-Колку полојална држава, толку полојални граѓани. Колку погрижлива држава толку поголема доверба кај граѓаните во нивната држава. Држава која не на арбитражен начин ќе одлучува за помалите заедници кои немаат големи можности да бидат еднакви-вели Ахмети.

Импровизираното гласање на уставните измени заврши со 120 гласа.

Следеше свечената изјава на Претседателот.

Потоа Бујар Османи одржа свечен говор.

-Колку емотивна порака на г. Села кој речиси ќе го загубеше животот за да го заштити правото на г. Талат Џафери како претседател на Собранието а денес премиерот Талат Џафери гласа за избор на Зијадин Села за претседател на Собранието-изјави Османи.