Жесток дуел која на моменти прераснуваше во кавга меѓу кандидатите за шеф на државата Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. Во дебата која се одржа синоќа во Клик плус на ТВ21 двајцата кандидати говореа околу најавите за бојкот и можноста да не се постигне цензус од 40 проценти потребен за избор на претседател, но дебатата отиде и кон тоа кој што бил во претходните власти и што добил од тоа.
Во однос на тоа кој од кого очекува поддршка и партиските математики за префрлање гласови Пендаровски и Силјановска со различни ставови. Пендаровски вели дека очекува гласови од граѓаните а не од партиски пазарења за контингенти гласови.
Силјановска пак е убедена дека водството ќе биде уште поголемо и вели ги очекува гласовите од опозицијата.
Во однос на тоа како земјава ќе го продолжи патот кон Европската унија и блокираните уставни измени Силјановска рече дека на начинот на кој се предлагаат смета дека нема потреба од нивно донесување бидејќи како што рече тоа нема да го реши проблемот, туку дека ќе го продлабочел. Според Пендаровски, политичката структура која ја поддржува Силјановска алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ нема воопшто намера да оди кон Европската унија.
