Европскиот парламент ја изгласа новата Европска комисија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Членовите на Европскиот парламент денеска гласаа за новата Европска комисија на чело со претседателката Урсула фон дер Лајен.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска за време на презентацијата на нејзиниот нов тим на комесари и нивната програма во Европскиот парламент изјави дека првата голема иницијатива на новата Комисија ќе биде компасот за конкурентност, кој ќе биде врз основа на три столба – иновации, декарбонизација и безбедност.

Во своето воведно обраќање пред членовите на Европскиот парламент, пред гласањето за новиот состав на Комисијата, таа повика на зголемување на трошоците за одбраната, а зборуваше и за важноста на критичните суровини и опстанокот на автомобилската индустрија. во Европа, и посочи дека ќе свика стратешки дијалог за иднината на автомобилската индустрија во Европа.

„Европската автомобилска индустрија е гордост на Европа. Милиони работни места зависат од неа. И заедно мораме да се погрижиме иднината на автомобилите да продолжи да се создава во Европа“, рече Фон дер Лајен.