Европските берзи во благ пораст, цената на „брент“ се движи околу 72 долари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европските берзански индекси денеска главно бележат благо зголемување, цената на нафтата „брент“ се движи околу 72 долари за барел, додека фјучерсите на американските берзански индекси растат во пресрет на попладневното отворање на берзите во Соединетите Американски Држави.

Според податоците од пазарите во 9:30 часот, цената на суровата нафта WTI се намали за 0,43 отсто и изнесува 68,492 долари за барел, додека цената на нафтата „брент“ се намали за 0,42 отсто, на 71,797 долари за барел.

Германскиот индекс DAX порасна за 0,13 отсто, францускиот CAC 40 за 0,44 отсто, британскиот FTSE 100 за 0,37 отсто, додека московскиот индекс MOEX забележа пад од 0,41 отсто.